Кошарка Македонска кошарка

Григориј Ѓорѓевиќ е нов играч на ТФТ

Кошаркарскиот клуб ТФТ го промовира Григориј Ѓорѓевиќ како ново засилување. Станува збор за еден од најперспективните македонски кошаркари од својата генерација и младински репрезентативец. Ѓорѓевиќ неодамна настапи на Европското првенство за играчи до 18 години, каде што бележеше просек од 13,4 поени, 4,7 скокови и 6,4 асистенции по натпревар. Со тоа беше трет најдобар асистент на целиот шампионат.

Својот квалитет го потврди и на М18 „фајнал-форот“, каде што беше избран за МВП на завршниот турнир, настапувајќи за КК Вардар. Во финалето одигра одличен натпревар со 25 поени, девет асистенции и осум скокови, што му ја донесе наградата за најкорисен играч на турнирот.

Сега Ѓорѓевиќ го прави следниот чекор во кариерата и ќе го носи дресот на ТФТ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.