Меѓународен фудбал Фудбал

Грчкиот бисер Карецас е нов „милионер“: Дортмунд плати 32 милиони евра за суперталентот на Генк!

Борусија Дортмунд го заврши трансферот на еден од најбараните млади плејмејкери во Европа, откако и официјално го потврди ангажманот на 18-годишниот Константинос Карецас. „Милионерите“ му платија 32 милиони евра на белгиски Генк за грчкиот репрезентативец, кој стави потпис на долгорочен договор со германскиот гигант со важност до 2031 година.

Левоногиот офанзивен играч за врска зад себе има фантастична сезона во која запиша дури 18 асистенции и три погодоци на 49 мечеви за Генк во сите натпреварувања. Одличните изданија во белгискиот шампионат и во Лига Европа му донесоа и статусот на стандарден репрезентативец на Грција, каде што под палката на Иван Јовановиќ веќе постигна три гола на десет настапи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.