Европски првенства Македонски ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија

Грчевски го објави списокот на играчи за натпреварите против Германија и Словенија

Женската ракометна репрезентација на Македонија продолжува со настапите во квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кристијан Грчевски го скрати списокот на повикани репрезентативки за дуелите против Германија и Словенија. Прва пречка на патот кон позитивен резултат е силната селекција на Германија која ја пречекуваме на 8 април (среда) во СЦ „Борис Трајковски“, а 4 дена подоцна, на 12 април (недела), во Велење ќе се одигра натпреварот против Словенија.

Собирот ќе се одржи на 06.04.2026 (понеделник) во Хотел Александар Палас во 09.30 часот.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести