Денес во рамките на 27. коло од ПМФЛ ќе се одиграат два натпревари. На репертоар го имаме градското дерби каде Вардар ќе го пречека Работнички. Бодовите од овој натпревар се од исклучително значење за двата клуба. За Вардар во борбата за титулата, а за Работнички во борбата за опстанок.
Црвено-црните се моментално лидери на табелата со 62 бода, а еден помалку има тетовска Шкендија. Од друга страна екипата на Работнички грчевито се бори за опстанок и моментално се наоѓа 10-та позиција, која директно води во понизок ранг. Со 25 бода, тие се позади Пелистер кој има еден повеќе, односно 26 бода и се наоѓа на 9-та позиција и Брера која има 32 бода на 8-та позиција, позиции кои водат во баражот.
Натпреварот ќе се одигра на Арената Тодор Проески, со почеток во 15:30 часот, а Вардар ќе биде домаќин.
Во истиот термин, во Кратово, Силекс ќе ја пречека екипата на Башкими.
Останатите натпревари ќе се одиграат на 13-ти и 14-ти април.
13.04.2026 (понеделник) 15:30 часот
Шкендија – Шкупи
Струга – Тиквеш
14.04.2026 (вторник) 13:00 часот
Арсими – Пелистер
14.04.2026 (вторник) 15:30 часот
Брера – Македонија ЃП

