Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Градоначалникот на Њујорк прогнозира: Мароко ќе биде новиот светски шампион!

Првиот човек на Њујорк, Зохран Мамдани, предизвика бура во спортската јавност со својата смела прогноза за претстојниот Мундијал, предвидувајќи дека селекцијата на Мароко ќе се искачи на светскиот трон. Познатиот градоначалник-социјалист и голем фудбалски фан во изјава за угледниот „Гардијан“ истакна дека во големото финале Атласките лавови ќе и се одмаздат на Франција за поразот во Катар, во полуфиналето на Светското првенство одиграно во 2022 година и за првпат во историјата ќе станат светски прваци.

Њујорк како еден од главните градови домаќини ќе го отвори турнирот со вистински спектакл меѓу Бразил и Мароко, што ќе биде само увертира за возбудувањата во групата Ц каде покрај овие два тима се и Шкотска и Хаити. Мароканците на овој шампионат доаѓаат со нов предводник на клупата, селекторот Ваби, но со добро познатите суперѕвезди како Хакими, Диас, Агерд и Боно, кои според таткото на „Големата јаболка“ го имаат потребниот квалитет за да ја покорат планетата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.