Кошарка Меѓународна кошарка

Градоначалникот на Њујорк: „Брате, искрено немам 2.000 долари за да одам на тој меч!“

Њујорк Никс се подготвуваат за историски момент во „Медисон Сквер Гарден“, подигање на шампионскиот банер за сезоната 2025/26, прв за овој кулен клуб по цели 53 години чекање. По доминантниот триумф над Сан Антонио Спарс во пет меча од финалната серија, „големото јаболко“ гори во кошаркарска треска, но цените за отворањето на новата сезона предизвикаа вистински неверување.

За да се биде дел од шампионската вечер во култната арена, фановите ќе мора да платат астрономски суми. Најевтините влезници за натпреварот започнуваат од 1.000 долари, додека просечната цена за билет се искачи на неверојатни 2.000 долари. Овој финансиски удар врз џебот на навивачите донесе реакција дури и од првиот човек на градот, градоначалникот Зохран Мамдани, кој во својата политичка платформа постојано се залага за пристапност на спортските настани.

Запитан од телевизијата „NBC“ дали од трибините ќе ја следи одбраната на титулата, Мамдани со исклучително директна и хитовска изјава ја опиша ситуацијата:

„Се надевам дека цените на билетите ќе се спуштат. Брате, искрено немам 2.000 долари за да одам на тој меч!“

Мамдани и претходно беше гласен критичар на високите цени во спортот, успевајќи да обезбеди повластени и поевтини влезници за жителите на Њујорк за натпреварите од Светското првенство во фудбал, како и за тенискиот гренд слем УС Опен. Сепак, се чини дека шампионскиот занес за Никс во моментов ги собори сите рекорди, претворајќи го „Медисон Сквер Гарден“ во недостижен луксуз дури и за градските татковци.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.