Меѓународен фудбал Фудбал

Горецка го напушти Баерн Минхен и се пресели во Премиер лигата!

Астон Вила официјално го потврди трансферот на Леон Горецка, кој по осум години во Баерн Минхен кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Триесет и едногодишниот германски репрезентативец на „Вила Парк“ пристигнува како слободен агент и ќе биде сериозно засилување за средниот ред на тимот од Бирмингем. Горецка има над 500 професионални настапи, како и 73 натпревари за германската репрезентација.

Кариерата ја започна во Бохум, а потоа играше за Шалке 04. Во 2018 година се пресели во Баерн Минхен, каде што освои седум шампионски титули во Германија и триумфираше во Лигата на шампионите. По успешниот период во Минхен, Горецка сега за првпат ќе игра надвор од Германија. Неговото огромно искуство и освоените трофеи треба да бидат значаен адут за Астон Вила во новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.