Други спортови Тенис

Ѓорческа претрпе пораз од Зантедески во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Анталија, откако во второто коло доживеа пораз од Италијанката Аурора Зантедески со 1:2 во сетови (6:4, 3:6, 1:6).

Дуелот започна одлично за македонската тенисерка, која по почетното водство од 3:0 го издржа враќањето на противничката и со нов брејк во финишот го освои првиот сет со 6:4. Сепак, Зантедески ја презеде контролата врз ритамот во продолжението, па со по два брејка во вториот и третиот сет направи комплетен пресврт и стигна до триумф по два часа и 15 минути борба.

Со пласманот во оваа фаза од турнирот во Турција, Ѓорческа заработи 15 нови поени за ВТА ранг-листата. Нејзин следниот предизвик ќе биде настапот на ВТА 125 турнирот во Љубљана следната недела.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.