Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа уште на самиот старт го заврши својот настап во квалификациите за престижниот грен-слем турнир Ролан Гарос.
Тетовчанката во рамките на првото коло претрпе пораз од фаворизираната холандска тенисерка Сузан Ламенс со максимални 2:0 во сетови. Мечот кој понуди голема борба беше привремено прекинат поради силен дожд, а противничката на крајот славеше со 6-4 и 6-3.
Нашата најдобра претставничка брзо ќе мора да го заборави овој пораз и целосно да се насочи кон следните големи предизвици. Нова реална шанса за историски прв настап на еден голем турнир Ѓорческа ќе има на претстојните квалификации за култниот Вимблдон.

