Погодокот на Џуд Белингем за израмнување на четвртфиналниот дуел меѓу Англија и Норвешка предизвика огромен скандал на Светското првенство. Фудбалерите и стручниот штаб на Норвешка жестоко протестираа кај главниот судија Клемон Турпан, но тој воопшто не реагираше.
При едно исфрлање на голманот Ниланд, топката ја погоди сајлата од висечката камера над теренот и смени насока. Од таа акција Англичаните развија брз контранапад, кој Белингем го претвори во израмнување во судиското надополнување.
New Side Angle of England First Goal || Clearly touches the cable… 🇳🇴 pic.twitter.com/oqVnEYpJQz
— HallalPlaysOnly (@excellsheet) July 12, 2026
Поранешниот англиски судија Марк Клатенбург потврди дека овој несвaкидневен погодок морал да биде веднаш поништен. Бидејќи главниот арбитер не забележа контакт, судиите во ВАР-собата беа должни веднаш да интервенираат. Сепак, тие останаа целосно неми и покрај јасните фудбалски правила за вакви ситуации.
Светската фудбалска федерација експресно се огласи уште додека траеше драматичниот натпревар во Мајами. ФИФА објави видеоснимка на социјалните мрежи и тврди дека вградениот сензор во топката не забележал никаков контакт, иако на видео снимките контактот со кабелот и менувањето на правецот на топката е очигледен.
По овој скандал, повторно се поставува прашањето за веродостојоста на чипот вметнат во топката. За потсетување, на Хрватска и беше поништен гол против Португалија, токму поради регистрираниот контакт од чипот, каде на ниту една видео снимка тој контакт не беше забележлив. Па со право се поставува прашањето, како чипот регистрира контакт со влакно од коса, а не може да регистрира очигледен контакт со кабел, по кој се менува и правецот на движењето на топката.
Before England’s goal in minute 45+2 against Norway, the sensor in the Connected Ball showed no peak in the ‘heartbeat of the ball’ when in the air, and therefore no evidence that the ball touched the overhead wire and changed the movement of the ball. pic.twitter.com/gYf9ukfveT
— FIFA Media (@fifamedia) July 11, 2026

