Пари Сен Жермен сериозно работи на засилување на голманската позиција и веќе испратил понуда вредна 33 милиони евра до Парма за јапонскиот репрезентативец Зион Сузуки. Според последните информации, преговорите меѓу двата клуба напредуваат во позитивна насока, а францускиот шампион во моментов има предност во однос на Јувентус, кој исто така покажува интерес за 23-годишниот чувар на мрежата.
Сузуки минатата сезона бранеше на 22 натпревари за Парма, при што шест пати успеа да ја сочува својата мрежа, а вкупно прими 30 голови. Со своите настапи остави одличен впечаток и го привлече вниманието на неколку европски гиганти. Покрај преговорите со Парма, челниците на ПСЖ веќе разговарале и со самиот фудбалер, претставувајќи му го проектот и неговата потенцијална улога во тимот.
Доколку трансферот се реализира, тоа би можело значително да влијае врз иднината на Лукас Шевалје, кој минатото лето пристигна од Лил за 40 милиони евра, но не успеа да се избори за статус на стандарден прв голман кај Луис Енрике. Доаѓањето на Сузуки дополнително би ја засилило конкуренцијата и би можело да го натера Французинот да размисли за нова средина.

