Александар Селихов се претвори во неочекуван херој на Урал Екатеринбург, откако голманот со фантастичен погодок од слободен удар во самиот финиш го предводеше својот тим до победа од 3:1 на гостувањето кај Чељабинск, во рамките на 15. коло од руската Прва лига.
При резултат 1:1, во 88. минута, 32-годишниот чувар на мрежата застана зад топката и со вистински проектил од околу 23 метри ја смести во горниот агол од противничкиот гол. Ова беше прв професионален погодок во кариерата на Селихов, кој до историскиот момент стигна на својот 267. натпревар.
Урал претходно губеше по раниот гол на Рамазан Гаџимурадов, но Бертран Фурие израмни во 71. минута. Иако гостите останаа со играч помалку, а потоа и Чељабинск доби црвен картон, Селихов ја презеде одговорноста и го реши натпреварот. Во судиското продолжение, Итало ја потврди победата со гол за конечни 3:1. По натпреварот, голманот му се заблагодари на тренерот Сергеј Јуран за довербата да го изведе слободниот удар, а низ шега порача дека отсега може да го нарекуваат Рожерио Сени, легендарниот бразилски голман познат по своите голгетерски способности.
🇷🇺👀 Ural’s GK Selikhov has scores with a brilliant freekick in final moments https://t.co/QNTMWhLNPy
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 25, 2026

