Меѓународен фудбал Фудбал

„Големиот“ Јунајтед му откина бод на последнопласираниот Фулам! (ВИДЕО)

Познатото фудбалско име и историјата одамна не носат победи во Премиер лигата, а Манчестер Јунајтед вечерва на „Кревен Котиџ“ уште еднаш покажа дека е само бледа сенка на некогашниот гигант. Избраниците на Мајкл Керик се спасија од тотален срам против последниопласираниот Фулам буквално во последен момент, извлекувајќи реми од 1:1 благодарение на погодокот на Матеус Куња во 89-тата минута.

Иако „црвените ѓаволи“ диктираа темпо во првото полувреме и упатија дури 17 шутеви, нивната игра делуваше безидејно и нефикасно. Најблиску до погодок беше Бруно Фернандеш кој ја погоди стативата по асистенцијата на Куња, додека домаќините преку Алекс Ивоби и Џош Кинг постојано ја кинеа несигурната гостинска одбрана и неколку пати го принудија голманот Сене Ламен да спасува чисти голови.

Сликата на Сер Алекс Фергусон на трибините во 52-рата минута совршено го опиша очајот на Јунајтед, а десет минути подоцна следуваше заслужена казна за домаќините. По една голема мешаница пред гол-линијата, Лисандро Мартинез несреќно си постигна автогол за шокантно водство на Фулам од 1:0.

Наместо фуриозен одговор, Јунајтед продолжи со јалови напади и бавен проток на топката, сепак, кога сите очекуваа прва победа за домаќините сезонава, Матеус Куња во 89-тата минута со огромна доза на среќа ја затресе мрежата на Бернд Лено и спречи комплетна катастрофа. По пет одиграни кола, Јунајтед има скромни пет бода на табелата, оставајќи ги навивачите со горчлив вкус дека тимот наместо за трофеи, мора да се задоволува со извлекување бод кај кандидатите за испаѓање.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.