Кошарка Македонска кошарка Репрезентација на Македонија

Големи промени во женската кошарка: Пет дами ставија крај на репрезентативната кариера!

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија влегува во сериозна смена на генерациите. По промената на селекторската позиција, дури пет стандардни репрезентативки кои со години беа носители на играта, Анџелика Митрашиновиќ, Александра Стојановска, Мерит Хемпе, Ивана Кметовска и Илина Селцова, одлучија да го завршат својот настап за националниот тим.

Кошаркарската федерација на Македонија им упати искрена благодарност за огромниот придонес, професионализмот и жртвата во изминатите години, порачувајќи дека нивниот труд останува траен дел од историјата на домашната кошарка. Со нивното повлекување, но и поради отсуството на дел од играчите кои се во САД, селекцијата влегува во процес на радикално подмладување, па во ноемврискиот квалификациски прозорец поголема одговорност ќе падне на грбот на младите кошаркарки.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.