Македонски ракомет Ракомет

Големи промени во Вардар: Познато кој заминува, а кој ќе дојде

Вардар 1961 прави значајни промени во својот играчки кадар за следната натпреварувачка сезона. Претседателот Михајло Михајловски ги објави имињата на ракометарите кои го напуштаат „црвено-црното“ семејство. Покрај Боно и Хориха, од клубот си заминуваат Марио Танкоски, Мигел Еспиња и Марек Марцинијак.

Николас Боно веќе договори трансфер во Тулуз, додека Дмитро Хориха се сели во унгарски ПИК Сегед. Голманот Еспиња својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во редовите на турскиот гигант Бешикташ. Раководството на Вардар експресно ги пронајде и соодветните замени за овие позиции во тимот.

Нови членови на најтрофејниот македонски клуб ќе бидат Матео Фадуил, Мохаб Абделхак, Милан Бомаштар и Леон Љевар. Со овие засилувања, клубот планира да го затвори кругот и да го формира финалниот состав.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести