Меѓународен фудбал Фудбал

Големата желба на Италија е… ПЕП ГВАРДИОЛА!

Италијанската фудбалска федерација сериозно работи на ангажманот на Пеп Гвардиола за нов селектор на репрезентацијата. Според информациите од Апенините, веќе се водат разговори со трофејниот шпански стратег, а челниците на федерацијата се подготвени да направат и финансиски отстапки за да го убедат да ја прифати понудата. Гвардиола во мај ја заврши десетгодишната ера на клупата на Манчестер Сити, а досега во кариерата никогаш не предводел национална селекција. Доколку ја прифати понудата, тоа ќе биде негов прв селекторски ангажман.

Италија е во потрага по нов предводник по неуспехот да обезбеди пласман на Светското првенство 2026, откако во баражот беше поразена од Босна и Херцеговина по изведување пенали. Затоа, федерацијата сака звучно име кое ќе ја врати репрезентацијата на победничките патеки.

Покрај Гвардиола, меѓу кандидатите се споменуваат и Роберто Манчини, кој ја одведе Италија до европската титула во 2021 година, како и Андреа Пирло. Сепак, според италијанските медиуми, најголем приоритет во моментов останува токму шпанскиот стратег. Претседателот на федерацијата Џовани Малаго потврди дека разговорите со Гвардиола се реалност, но нагласи дека сè уште нема конечен договор и дека паралелно се разгледуваат и други опции за селекторската функција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.