Авто-мото Други спортови

Големата награда на Британија во календарот на Мото ГП најмалку до 2028 година

Трката за Големата награда на Голема Британија ќе остане дел од Мото ГП шампионатот најмалку до 2028 година. Раководството на Мото ГП потпиша нов договор за соработка со легендарната патека Силверстон за следните две години.

Британското Гран При се врати на Силверстон во 2010 година, откако претходно 24 години по ред се одржуваше на патеката Донингтон Парк.

Претстојната трка на Силверстон ќе се одржи во недела на 9 август и ќе биде 12-та од вкупно 22 трки во оваа сезона. Изминатата година на оваа патека најбрз беше актуелниот лидер во генералниот пласман, Марко Бецеки.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.