Меѓународен ракомет Ракомет

Голема одлука на ИХФ, крај на суспензијата за Русија и Белорусија!

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) донесе одлука веднаш да ја укине суспензијата за руските и белоруските репрезентации, клубови, судии и официјални лица, која беше во сила од март 2022 година. Одлуката следува по препораките на Меѓународниот олимписки комитет за постепено враќање на руските и белоруските спортисти во меѓународните натпреварувања. Од ИХФ најавија дека процесот на целосна реинтеграција ќе се спроведува постепено, но потврдија дека двете земји повторно ќе бидат дел од меѓународното ракометно семејство.

Истовремено, Федерацијата повторно ја изрази својата поддршка за Украинската ракометна федерација и ја осуди војната, со надеж за што поскоро нормализирање на состојбата. По оваа одлука, сега се очекува и ставот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), која ќе треба да одлучи кога руските и белоруските клубови ќе можат повторно да настапуваат во европските купови. Според актуелниот распоред, тоа најрано би можело да се случи од сезоната 2027/28.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.