Други спортови Тенис

Голема дилема околу Алкараз пред УС Опен

Карлос Алкараз официјално се најде на листата на учесници за годинашниот УС Опен, но тоа сè уште не значи дека шпанскиот тенисер сигурно ќе настапи на последниот Грен слем турнир во сезоната. Иако е пријавен како трет носител, шпанските медиуми пренесуваат дека неговото учество останува под голем знак прашалник поради повредата на зглобот, која го оддалечи од терените уште од средината на април.

Алкараз последен пат настапи на турнирот во Барселона, каде што се здоби со незгодна повреда. Првичните прогнози беа дека паузата ќе биде кратка, но закрепнувањето трае многу подолго од очекуваното и сè уште не е познато кога ќе биде целосно подготвен за враќање. Првиот вистински показател за неговата физичка состојба би требало да биде мастерс-турнирот во Синсинати, кој ќе се игра во август. Доколку таму се појави и одигра на посакуваното ниво, шансите за настап на УС Опен значително ќе се зголемат.

Во спротивно, последниот Грен слем во годината би можел да остане без едно од најголемите имиња во светскиот тенис, а тоа би било големо олеснување за конкурентите, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ во битката за нова Грен слем титула.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.