Кошарка Меѓународна кошарка

Голем скандал во НБА: Играч тврди дека бившиот тренер бил алкохоличар!

Јусуф Нуркиќ ја бранува кошаркарската јавност со сериозни обвинувања на сметка на неговиот поранешен стратег, Мајк Буденхолзер. Босанскохерцеговскиот центар во едно неодамнешно подкаст гостување откри шокантни детали од соблекувалната на Феникс Санс, тврдејќи дека трофејниот тренер се борел со тешка зависност од алкохол за време на неговиот престој во Аризона.

Според зборовите на Нуркиќ, хаотичната атмосфера и бизарните одлуки на кормиларот биле главната причина за целосниот колапс на екипата во сезоната 2024/25. Центарот сликовито опиша дека Буденхолзер се обидувал да му објасни на еден Кевин Дурент како се постигнува кош, што според него било еднакво на тоа да му предавате на пилот како се управува со авион. Наводните проблеми со пороците резултираа со катастрофални 36 победи и 46 порази, па скапоплатениот проект со Дурент, Букер и Бил доживеа дебакл и остана без плејоф.

Засега нема официјална реакција од прозваниот стручњак, кој по експресниот отказ инкасираше дури 40 милиони долари за раскин на договорот и оттогаш е без ангажман во НБА лигата. Овие скандалозни тврдења излегоа на виделина во најнесоодветниот момент, фрлајќи голема сенка врз возбудувањата во големото НБА финале.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.