Селекторот на ДР Конго, Себастијан Десабр, го доживеа најтешкиот ден во својот живот на Светското првенство. Неговиот тим вчера испушти голема предност и претрпе пораз од Англија во елиминациската рунда. Сепак, вистинскиот животен шок за искусниот стратег следуваше на официјалната прес-конференција по натпреварот.
Портпаролот на репрезентацијата направи несфатлив потег пред присутните новинари и вклучените камери. Тој јавно пред сите соопшти дека таткото на селекторот починал.
„Ве известуваме дека селекторот остана без својот татко и му изразуваме сочувство“, изјави портпаролот.
Ваквиот начин на соопштување на трагичната вест предизвика огромно негодување во јавноста. Десабр беше видно скршен од мака, кратко изусти само „благодарам“ и веднаш ја напушти салата.
#RDCvsAngleterre : Soirée cauchemar pour les Léopards. En conférence de presse d’après-match, Sébastien Desabre apprend le décès de son père. pic.twitter.com/DE7y2Oc9CC
— rdc news foot ✊🏾 (@Rdc_News5) July 2, 2026
Засега не е познато дали тој претходно знаел за тешката здравствена состојба на својот татко. Овој настан целосно го засенчи одличниот настап на африканската селекција на Мундијалот.

