Кошарка Меѓународна кошарка

Голем пресврт во кошарката, ФИБА ги укина забраните за руските и белоруските играчи

ФИБА направи значаен чекор кон враќање на руските и белоруските претставници во меѓународната кошарка. Извршниот комитет на светската федерација одлучи да ги укине рестрикциите за индивидуалци од двете земји. Тоа значи дека руските и белоруските кошаркари, тренери, судии, делегати и други официјални лица веднаш можат да учествуваат на натпревари под капата на ФИБА, вклучително и во 3×3. Сепак, ситуацијата е поинаква кога станува збор за националните тимови и клубовите. ФИБА најави дека за нивниот евентуален повраток на меѓународните натпревари ќе се одлучува во декември 2026 година, по дополнителни консултации и разгледување на безбедносните и логистичките услови.

Одлуката следува откако и Меѓународниот олимписки комитет (МОК) направи чекор кон укинување на дел од претходните ограничувања за руските и белоруските спортисти. МОК во јули ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет, откако беа исполнети условите поврзани со членството и територијалните спортски организации. Сепак, МОК нагласи дека неговиот став во врска со војната во Украина не е променет. Доколку ФИБА во декември даде зелено светло, руските и белоруските репрезентации би можеле постепено да се вратат во меѓународните натпреварувања, вклучително и во процесот поврзан со Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.