Меѓународен фудбал Фудбал

Голем пресврт во кариерата на Салах, следната станица е…

Сагата околу иднината на Мохамед Салах се чини дека е пред самиот крај. Според информациите што пристигнуваат од Турција, искусниот египетски репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во редовите на Трабзонспор. Турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу објави дека клубот постигнал договор со поранешниот ас на Ливерпул и дека трансферот е практично завршена работа. Во текот на летниот преоден рок Салах беше поврзуван со неколку клубови, а најсериозен кандидат долго време беше Бешикташ.

Сепак, Трабзонспор успеал да ја добие трката за неговиот потпис. Според турските медиуми, ѕвездата од Египет одбила финансиски побогати понуди од Блискиот Исток со желба да остане во европскиот фудбал и да продолжи да настапува на највисоко ниво. Дополнителен мотив за Салах било тоа што Трабзонспор ќе настапува во квалификациите за Лига Европа, откако минатата сезона заврши на третото место во турската Суперлига.

Сепак, трансферот сè уште не е официјално потврден ниту од клубот, ниту од самиот фудбалер, па јавноста го очекува конечниот епилог и официјалната потврда во наредните денови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.