Меѓународен фудбал Фудбал

Голем пресврт на Дортмунд против Хофенхајм, Вердер го шокираше Лајпциг (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја запиша втората победа на стартот од новата сезона во Бундеслигата, откако на гостувањето кај Хофенхајм стигна до триумф од 3:2 по спектакуларен пресврт во второто полувреме.

Домаќините стигнаа до предност во самиот финиш од првиот дел преку Леон Авдулаху во 45. минута, а кога Тим Лемперле во 54. минута зголеми на 2:0, се чинеше дека Дортмунд се соочува со сигурен пораз. Сепак, избраниците на Нико Ковач експресно се вратија во игра. Серу Гираси во 61. минута намали на 2:1 по асистенцијата на Валдемар Антон, а само пет минути подоцна истиот играч му асистираше на Фабио Силва за израмнување на 2:2. Погодокот за комплетен пресврт и победа на гостите падна во 87. минута, кога несреќниот Албиан Хајдари си постигна автогол.

На останатите натпревари од ова коло, Вердер Бремен го приреди најголемото изненадување совладувајќи го РБ Лајпциг со 3:1 на домашен терен, каде за гостите во завршницата асистираше српскиот фудбалер Андрија Максимовиќ. Бајер Леверкузен беше убедлив против Унион Берлин со 4:0, додека Фрајбург славеше на гостувањето кај Падерборн со минимални 1:0.

Најневеројатниот меч се одигра во Менхенгладбах, каде што домашната Борусија имаше предност од 3:1 до 66. минута, но Елверсберг направи сензационален пресврт и на крајот извојува победа од 4:3. По две одиграни кола, Дортмунд и Елверсберг се на врвот на табелата со максимални шест бода.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.