Меѓународен фудбал Фудбал

Голеада во Лига Европа, Реал Сосиедад со шест погодоци го прегази норвешкиот ривал

Реал Сосиедад ја забележа првата победа во основната фаза на Лига Европа, откако на гостински терен го декласираше Лилестром со убедливи 6:0. Шпанскиот тим го реши прашањето околу победникот уште во првото полувреме, кога Серхио Гомес со два брзи погодоци во 25. и 27. минута донесе предност, а Лука Сучиќ во 33. минута зголеми на 3:0. Домашните имаа можност да се вратат во натпреварот на почетокот на второто полувреме, но Томас Олсен не реализираше пенал. Казната за промашената шанса стигна во 64. минута, кога Ори Оскарсон го постигна четвртиот гол за Баскијците. Сучиќ со својот втор погодок во 72. минута ја продолжи голеадата, а Арсен Закарјан во 80. минута ги постави конечните 6:0.

Гомес и Сучиќ со по два гола беа меѓу најзаслужните за убедливиот триумф на гостите, кои конечно стигнаа до посакуваните три бода во европското натпреварување. Со оваа победа Реал Сосиедад собра вкупно четири бода и се искачи на 14. место на табелата, додека Лилестром останува на една освоена точка и се наоѓа на 31. позиција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.