Меѓународен фудбал Фудбал

Голеада на „Вила Парк“: Астон Вила фуриозно против Ливерпул!

Астон Вила обезбеди пласман во Лигата на шампионите по спектакуларната победа над Ливерпул со 4:2 на домашен терен. Стратегот Унаи Емери уште еднаш ја потврди својата класа, носејќи го тимот во елитата и во финалето на Лига Европа. Со овој триумф тимот од Бирмингем побегна на три бода предност пред денешниот разочаран ривал на табелата.

Домашните навивачи се радуваа во 42-рата минута кога Морган Роџерс ја казни невнимателноста на гостинската одбрана за почетно водство. Ливерпул одговори на самите почетоци од вториот дел, поточно во 52-рата минута, кога Ван Дајк погоди по нафрлањето на Собослаи.

Сепак, големата грешка на унгарскиот фудбалер во 57-мата минута му овозможи на Роџерс да го проигра прецизниот Оли Воткинс. Силниот притисок на домаќините донесе уште еден погодок за Воткинс, кој ја затресе мрежата во 73-тата минута од мечот. Точка на победата стави разиграниот Џон Мегин, кој во 89-тата минута со прекрасен и хируршки прецизен удар ги реши сите дилеми.

Вториот гол со глава на дефанзивецот Ван Дајк во 92-рата минута од продолжението беше само премала утеха за гостите. Емери и неговите фудбалери сосема заслужено слават, а на „Вила Парк“ следната сезона ќе се игра Лига на шампиони.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.