Еден од најголемите спортисти во историјата, Новак Ѓоковиќ, претрпе шокантна и драматична елиминација уште на самиот старт од УС Опен, откако по пет исцрпувачки сета претрпе пораз од аргентинскиот тенисер Маријано Навоне.
Мечот помина во сенка на драматичните физички проблеми на српскиот ас, кој по речиси секој подолг поен едвај успеваше да остане на нозе. ТВ-камерите дури го уловија Ѓоковиќ како повраќа покрај теренот, а во одлучувачкиот петти сет тој побара и медицински тајм-аут поради силни болки во грбот. Иако се бореше до самиот крај и играше со солзи во очите, Ѓоковиќ не успеа да го спречи поразот во маратонската пресметка.
Оваа елиминација кај многумина ги зголеми сомнежите дека сведочиме на дефинитивниот залез на една неверојатна тениска ера. По пензионирањето на Роџер Федерер во 2022 година и на Рафаел Надал две години подоцна, Ѓоковиќ остана единствениот активен претставник од легендарната „голема тројка“, но последните настапи покажуваат дека и неговата доминација е пред самиот крај.
За илустрација, ова е прв пораз за Србинот уште во почетната фаза на еден Грендслем турнир по далечната 2006 година на Австралија Опен. Исто така, статистика открива дека ова е прв Грендслем турнир уште од 2003 година во чие второ коло нема да настапи ниту еден член од тројката Федерер, Надал или Ѓоковиќ.
Too much pesto on the omelette at brunch: Navone has Djokovic losing his lunch in first round #USOpen #Tennis pic.twitter.com/QhCe7J2sQb
— Jay7 (@LJayy7) August 31, 2026

