Други спортови Тенис

Ѓоковиќ не се откажува и најави настап на сите Грен слемови и следната сезона!

Новак Ѓоковиќ не планира да стави крај на својата блескава кариера во блиска иднина. Иако во последниот период често се шпекулира дека српскиот тенисер би можел наскоро да се повлече, тој самиот најави дека планира да настапува и во следната сезона. Ѓоковиќ потврди дека негов приоритет ќе бидат четирите Грен слем турнири, што практично значи дека љубителите на тенисот ќе имаат можност да го гледаат и на Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен.

„Одлучив следната сезона да одиграм цела сезона на Грен слемовите“, порача Ѓоковиќ, со што стави до знаење дека најголемите турнири остануваат негова главна мотивација.

Српскиот ас објасни дека Грен слемовите за него имаат посебна тежина и дека токму тие претставуваат основа на професионалниот тенис. Во исто време, тој смета дека промената на форматот на мечевите на три добиени сета на најголемите турнири влијае врз неговите шанси.

„Грен слемовите се Грен слемови. Тие се различни од другите турнири, темел се на нашиот спорт и најважните натпревари што ги имаме. Мислам дека сега имам повеќе шанси кога на турнирите играме во три добиени сета. Можеби турнирите и Мастерсите кои траат две недели би ми одговарале повеќе“, истакна Ѓоковиќ.

Со оваа најава, еден од најуспешните тенисери во историјата јасно стави до знаење дека сè уште не е подготвен да се збогува со најголемата сцена. Ѓоковиќ очигледно сака кариерата да ја продолжи со настапи на турнирите кои за него имаат најголемо значење.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.