Други спортови Тенис

Ѓоковиќ го надмина и Федерер и влезе во историјата на АТП 500!

Новак Ѓоковиќ продолжува да ги поместува границите на она што изгледа возможно во професионалниот тенис. Српскиот ас обезбеди место во финалето на АТП 500 турнирот во Пекинг и со тоа постави нов рекорд кој уште еднаш ја потврди неговата неверојатна долговечност. Со 39 години и четири месеци, Ѓоковиќ стана најстариот тенисер кој стигнал до финале на турнир од АТП 500 категоријата. До ова достигнување дојде откако Данил Медведев беше дисквалификуван во полуфиналето при резултат 7:5, 5:3 во корист на српскиот тенисер.

Со новиот подвиг, Ѓоковиќ го надмина досегашниот рекорд на Роџер Федерер. Швајцарецот во 2019 година играше финале на турнирот во Базел на возраст од 38 години и два месеци. Федерер тогаш не застана на самото финале, туку стигна и до трофејот, совладувајќи го Алекс де Минор. И токму Австралиецот ќе биде последната пречка за Ѓоковиќ во Пекинг.

На листата на најстарите финалисти на АТП 500 турнири свое место има и Фелисијано Лопез. Шпанецот во 2019 година стигна до финалето на Квинс на 37 години и десет месеци, а турнирот го заврши со титула по победата над Жил Симон. Истиот ден Лопез успеа да триумфира и во конкуренција на двојки.

Четврти на оваа листа е Иво Карловиќ, кој во 2016 година, на 37 години и четири месеци, играше за трофејот во Вашингтон. Хрватот сепак не успеа да го освои турнирот, бидејќи по пресврт беше поразен од Гаел Монфис. Сега Ѓоковиќ има можност новото рекордно достигнување да го круниса со уште еден трофеј. Пекинг е едно од неговите најуспешни места во кариерата, досега шестпати го освојувал турнирот, па против Де Минор ќе има шанса да стигне до седмата титула. За Ѓоковиќ ова ќе биде уште едно финале, но за тениската историја, уште еден доказ дека неговата приказна сè уште не е завршена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.