По двонеделен престој во Дубаи, Ѓоко Хаџиевски повторно е во Скопје, каде што периодов нема конкретен ангажман, но останува отворен за нова тренерска можност. Искусниот македонски стратег во изминатиот период беше поврзуван со клуб од Дубаи, но самиот тој ги отфрли информациите дека постигнал договор за преземање на екипата.
Хаџиевски откри дека во Дубаи отпатувал на покана од петмина свои сонародници, кои повеќе од две децении живеат и работат во емиратот. За време на престојот, тој имал можност да присуствува на неколку тренинзи на нов клуб, но без да преземе конкретна обврска или функција во тимот.
Според неговото објаснување, средбите со луѓето од клубот биле пред сè од информативен и пријателски карактер, а двете страни останале во добри односи. Сега тој е повторно во Скопје и, како што вели, активно одмора, но не ја исклучува можноста наскоро да се врати на тренерската работа доколку се појави понуда која ќе ги задоволи неговите амбициии.

