Меѓународен фудбал Фудбал

Го носеше дресот на Динамо Киев и репрезентацијата, а сега загина во војната против Русија

Украинскиот фудбал е завиен во црно по веста за смртта на Роман Максимјук, поранешен играч на Динамо Киев и репрезентативец на Украина, кој загинал борејќи се во војната против Русија. Веста за неговата смрт беше објавена на 16 октомври, повеќе од година и пол откако последен пат стапил во контакт со сопругата.

Максимјук доброволно и се приклучил на украинската војска во есента 2022 година. Последната комуникација со семејството ја имал на 30 јануари 2025 година, кога ѝ соопштил на сопругата дека заминува на позиција во областа Покровск. Оттогаш му се губи трагата, а неговото семејство долго време живеело во неизвесност.

Во текот на фудбалската кариера, Максимјук настапуваше за повеќе украински клубови, меѓу кои Динамо Киев, Днипро и Волин, а играше и за рускиот Зенит од Санкт Петербург. Со Зенит го освои Купот на Русија во 1999 година, додека со Динамо Киев беше шампион на Украина во сезоната 1999/2000. За украинската репрезентација забележа пет настапи.

Професионалната кариера ја заврши во 2011 година, но по руската инвазија одлучи повторно да се стави во служба на својата земја. Неговата смрт претставува уште една трагична приказна за загубен живот во војната што продолжува да ги погодува украинското општество и спортот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.