Меѓународен фудбал Фудбал

Глејзери се поделија, Јунајтед повторно оди на продажба?

Дел од семејството Глејзер повторно размислува за продажба на своите акции во Манчестер Јунајтед, обидувајќи се да ги убеди и останатите членови на ваков потег, пренесува „Блумберг“. Веднаш по овие најави, акциите на клубот на берзата во Њујорк скокнаа за седум проценти, а вредноста на гигантот моментално се проценува на 3,64 милијарди долари. Овие гласини доаѓаат две години откако Американците му продадоа 29 отсто од акциите на милијардерот Џим Ретклиф, додека навивачите и понатаму протестираат поради огромниот клупски долг од 1,29 милијарди фунти.

И покрај финансискиот товар што се влече уште од 2005 година, косопственикот Ретклиф веќе внесе свеж капитал, го реновираше Карингтон за 50 милиони фунти и планира изградба на нов стадион. На резултатски план, Јунајтед ја заврши оваа сезона на одличното трето место благодарение на пресвртот во формата под водство на новиот менаџер Мајкл Карик, кој во јануари го наследи Рубен Аморим. По две години пауза, „црвените ѓаволи“ се враќаат во Лигата на шампионите, а Карик летово ќе има на располагање околу 250 милиони фунти за нови засилувања.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.