Главниот терен во рамките на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје конечно доби целосно нов и модерен лик. По изминати 12 години, на ова игралиште е поставена комплетно нова тревна површина. За време на градежните работи беа наменети нови тревни бусени, а беше извршена и темелна обнова на комплетната дренажа. Дополнително, теренот отсега располага и со нов систем за наводнување, што значително ќе го олесни неговото одржување. Ова е продолжение на големите содржини во комплексот, откако претходно целосно беше реконструиран и првиот помошен терен.
По повод завршувањето на овој важен проект, на социјалните мрежи се огласи и Масар Омерагиќ.
„Лека-полека, работите си доаѓаат на свое место. Денес овде, утре и на други стадиони низ Македонија. Фудбалот заслужува подобри услови. И ќе ги добие“. – напиша претседателот Масар Омерагиќ.

