Меѓународен фудбал Фудбал

Гиљелмо Викарио се враќа во Италија и потпишува за Јувентус!

Гиљелмо Викарио се наоѓа пред враќање во Серија А откако Тотенхем ја прифати понудата на Јувентус за едногодишна позајмица со можност за откуп на договорот. Откако пропаднаа преговорите за доведување на Емилијано Мартинез од Астон Вила и Зион Сузуки, торинскиот гигант брзо ги пренасочи своите напори кон 29-годишниот италијански чувар на мрежата, за кого се очекува наскоро и официјално да пристигне во Торино.

Викарио пристигна во Тотенхем во 2023 година од Емполи за 20 милиони евра и беше еден од најзаслужните за освојувањето на Лигата на Европа во 2025 година. Сепак, по операцијата на кила и доаѓањето на новиот менаџер Роберто Де Зерби, кој му ја додели „единица“ на Антоњин Кински, италијанскиот голман го загуби првотимскиот статус во Лондон. Со овој трансфер, Викарио се враќа во татковината каде што претходно во кариерата ги бранеше и боите на Удинезе, Венеција, Каљари и Перуџа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.