Македонски фудбал Фудбал

ГФК Тиквеш блокиран од ФИФА!

Проблемите за кавадаречки Тиквеш се продлабочуваат откако Светската фудбалска куќа (ФИФА) му изрече уште една сериозна санкција. По мајската суспензија, македонскиот прволигаш од вчера повторно се најде на црната листа на ФИФА со нова забрана за регистрирање фудбалери во времетраење од три трансфер-периоди.

Причина за ваквиот развој на настаните се насобраните неисплатени долгови кон странски фудбалери или тренери кои ја побараа правдата во Цирих. Иако не се откриваат точните имиња кои го блокираа клубот, јасно е дека раководството на Тиквеш мора експресно да ги подмири обврските доколку сака да донесе засилувања за новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.