УЕФА официјално потврди дека германскиот арбитар Даниел Зиберт ќе биде главниот судија на големото финале во Лигата на шампионите, кое ќе се одигра на 30 мај во Будимпешта. За 42-годишниот Германец овој натпревар ќе биде јубилеен десетти во елитното натпреварување оваа сезона, со што ќе ја заокружи својата најуспешна европска кампања. Сепак, неговото именување доаѓа по низа контроверзи во полуфиналето, каде Атлетико Мадрид упати жестоки критики за неговите одлуки кои директно влијаеа на резултатот против Арсенал. Додека „топчиите“ во него гледаат своја „среќена амајлија“ по неколкуте победи под негова палка, ПСЖ ќе мора да се подготви за строгиот критериум на Германецот во битката за најпрестижниот пехар.
Германецот Даниел Зиберт ќе ја дели правдата во финалето на Лигата на шампиони!

