Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Германците тргнуваат по Клоп, наскоро почнуваат преговорите!

Германската фудбалска федерација се подготвува за промени на селекторската позиција, а прва желба за наследник на Јулијан Нагелсман е Јирген Клоп. Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, во наредниот период се очекува да започнат официјални разговори меѓу двете страни. Истите извори тврдат дека искусниот стратег нема ништо против да ја преземе репрезентацијата и е подготвен да ја разгледа понудата доколку таа пристигне од Германската фудбалска федерација.

Иницијативата за промена доаѓа по разочарувачкиот настап на Германија на Светското првенство, каде што „панцерите“ беа елиминирани уште во првата нокаут-рунда од Парагвај. Таквиот резултат сериозно ја разниша позицијата на Нагелсман, чија иднина сè уште не е официјално решена. Иако Федерацијата засега не донела конечна одлука, сè погласни се најавите дека Клоп е првиот избор за да започне нов циклус со германската репрезентација.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.