Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Германците претпазливи: Курасао не смее да се потцени!

Германската фудбалска репрезентација со голема претпазливост и максимален фокус го очекува својот прв натпревар во групата Е на Светското првенство против селекцијата на Курасао. Германците сакаат да стават крај на црната серија по раните елиминации на претходните два Мундијала, но дефанзивецот Џонатан Тах предупредува дека дебитантот, предводен од искусниот Дик Адвокат, поседува сериозен квалитет бидејќи нивните фудбалери се школувани во холандскиот систем.

Оптимизам пред неделниот натпревар во Хјустон, каде што се очекуваат високи температури, изрази и Нико Шлотербек кој смета дека овој состав на Германија има совршен баланс меѓу младоста и искуството.

Тој потенцираше дека во тимот нема притисок, туку само голема самодоверба, и дека со препознатливата германска дисциплина, страст и борбеност, националниот тим е подготвен уште на самиот старт да ја покаже својата моќ во групата каде се наоѓаат уште и Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.