Англија со големи амбиции и под водство на Томас Тухел го започнува Светското првенство на 17 јуни против Хрватска. Зад капитенот Хари Кејн е брутална сезона во Баерн Минхен со 61 гол, што го прави главен фаворит за „Златната топка“, а неговиот поранешен колега Гери Невил тврди дека целата игра на Англија мора да биде подредена токму на него.
„Англија има многу талентирани фудбалери, но само еден кој без дилеми е светска класа, а тоа е Хари Кејн. Нападот на Тухел е целосно изграден околу него. Затоа во тимот нема место за играчи како Фоден, Палмер и Гибс-Вајт – селекторот сака брзи и директни фудбалери покрај Кејн, како Гордон, Рашфорд и Роџерс“, објаснува Невил.
Според него, огромниот притисок нема да биде проблем за искусниот напаѓач бидејќи тој е неверојатно стабилен карактер и врвен професионалец. Невил додава дека Англија нема да игра постојан висок пресинг, што дополнително ќе му помогне на Кејн да ја зачува свежината.
„Тој е лидерот на оваа генерација. Ако зборуваме за вистинска светска класа во последните две-три децении, Кејн без сомнение е еден од тие ретки англиски фудбалери“, заклучува Невил.

