Џенаро Гатузо уште на самиот почеток од својот мандат во Лацио јасно стави до знаење дека нема да толерира недисциплина. Италијанскиот стратег го отстрани Кенет Тејлор од тренингот по расправија што избувна за време на една тактичка вежба. Според информациите, холандскиот играч запрел со тренингот откако имал контакт со соиграч и почнал да се жали, иако Гатузо проценил дека станува збор за вообичаен дуел без никаква повреда. Тренерот му порачал веднаш да продолжи со работата, но Тејлор реагирал со негодување, по што следувала вербална расправија.
Размената на зборови брзо завршила со одлука на Гатузо фудбалерот да го напушти теренот и остатокот од тренингот да го следи од соблекувалната. Искусниот италијански тренер го презеде Лацио кон крајот на јуни, наследувајќи го Маурицио Сари, додека 24-годишниот Тејлор пристигна во римскиот клуб од Ајакс пред седум месеци во трансфер вреден околу 17 милиони евра.
‼️Kenneth Taylor è stato allontanato dall’allenamento di questa mattina, dopo un battibecco con Gattuso.#RadioLaziale#SSLazio pic.twitter.com/KcMBG4GeHn
— Radio Laziale (@RadioLaziale) July 30, 2026

