Рома ја започна новата сезона на идеален начин, а шефот на стручниот штаб Џан Пјеро Гасперини во опширно интервју за „Газета дело Спорт“ го анализираше одличниот старт на тимот, со посебен акцент врз квалитетите на холандскиот напаѓач Дониел Мален. Искусниот италијански стратег сликовито објасни како успеал да го активира офанзивниот потенцијал на своето најново засилување.
„Првиот допир му создава простор, со вториот ја подготвува позицијата, а со третиот веќе шутира. Си реков: ‘Ако тие три допири ги поместам поблиску до голот, тој станува смртоносен.’ Мора да ја задржи гладта за голови, без оглед на тоа што веќе се запиша во стрелците. Грешки се случуваат, но постои начин како се греши. Доколку го нападне рекордот на Игуаин од 36 погодоци во една сезона, тоа воопшто нема да ме изненади“, истакна Гасперини.
Предводникот на римскиот клуб се осврна и на комплицираните финансиски ограничувања со кои се соочувал во текот на летниот преоден рок, признавајќи дека финансискиот фер-плеј го спречил клубот да ги доведе Гринвуд и Самервил. Сепак, разочарувањето на пазарот било неутрализирано со извонредниот гест и лојалноста на домашните фудбалери. Играчи како Дибала, Ермосо, Манчини, Кристанте, Пелегрини и Лули се согласиле на намалување на сопствените плати за да му овозможат стабилност на тимот.
Гасперини ги демантираше и шпекулациите дека тој лично го блокирал трансферот на Ману Коне, појаснувајќи дека во клубот никогаш не пристигнала официјална понуда.

