Меѓународен фудбал Фудбал

Гаштаров: Нема ништо поубаво од триумф над Партизан

Црвена Звезда го совлада Партизан со 2:1 во рамките на осмото коло од српската Суперлига, освојувајќи ги сите три бода во 180-тото „вечито дерби“. Со овој триумф, црвено-белите ја продолжија победничката серија во домашното првенство и ја зацврстија лидерската позиција на табелата.

Посебно впечатлив настап имаше Матеј Гаштаров, за кого ова беше прво дерби во кариерата. Тој одигра одличен меч и по завршувањето на средбата не го криеше воодушевувањето од остварениот резултат.

„Кога ќе се победи во дерби, нема ништо поубаво. Одигравме храбро, мотивирано и навистина сум среќен за мојот прв дерби-натпревар. Големо благодарност до сите навивачи кои дојдоа во голем број, најважно е што победивме. На секој тренинг мора да се дава сто проценти од можностите, нема разлика меѓу тренинг и натпревар, мораш целосно да му се дадеш на тимот“, истакна Гаштаров.

По осум одиграни кола, Црвена Звезда се наоѓа на првото место на табелата со максимални 18 бода од шест меча, додека Партизан останува на 12. позиција со седум освоени бода.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.