Кошарка Меѓународна кошарка

Гарнет влегува во вечноста: Минесота го повлекува бројот 21!

Минесота Тимбервулвс и официјално потврди дека ќе го повлече од употреба дресот со број 21 на легендарниот Кевин Гарнет. Свечената церемонија ќе се одржи на 28 февруари 2027 година, веднаш по натпреварот против Бостон Селтикс, вториот клуб во кој популарниот „Кеј-Џи“ остави огромен белег и каде што неговата „петка“ веќе се наоѓа под покривот на салата од март 2022 година.

Со овој потег конечно се става крај на повеќегодишниот раздор меѓу Гарнет и клубот, кој траеше поради неговиот судир со поранешниот сопственик Глен Тејлор. По промената на раководството и пристигнувањето на новите сопственици Марк Лор и Алекс Родригез, Гарнет се врати во тимот како амбасадор. Тој емотивно истакна дека Минесота засекогаш останува негов дом и дека повлекувањето на дресот не го гледа како крај, туку како почеток на ново поглавје.

Гарнет е без конкуренција најголемиот кошаркар во историјата на франшизата и единствен играч во целата НБА лига кој е предводник на еден клуб во сите пет главни статистички категории: поени, скокови, асистенции, украдени топки и блокади. За Тимбервулвс одигра 14 сезони, ја освои МВП наградата во 2004 година, а неговиот број 21 ќе биде дури вториот повлечен во историјата на Минесота, по оној на трагично загинатиот Малик Сили.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.