Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Гана до три бода во самиот финиш против Панама

Гана со многу мака стигна до победа од 1:0 против Панама во натпревар кој нема долго да се памети по квалитетот на играта. Во дуелот од групата Л на Светското првенство во Торонто, гледачите беа сведоци на мал број шанси и голема борба на средината од теренот.

Панама остави подобар впечаток во првото полувреме и уште во втората минута се закани преку искусниот Сесилио Вотерман, но голманот на Гана, Лоренс Ати Зиги, беше на висина на задачата. Африканската селекција тешко создаваше опасни ситуации и долго време не успеваше да го наметне својот квалитет.

Во продолжението Гана постепено ја презеде контролата, но без премногу креативност во нападот. Сепак, кога се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, резервистот Брендон Томас-Асанте испрати топка во шеснаесетникот, а Кејлеб Јиренки најдобро се снајде и во петтата минута од судиското продолжение ја затресе мрежата за голема радост на својата репрезентација. Панама имаше последен обид да стигне до израмнување, но по мешаницата пред голот не успеа да го избегне поразот.

Со овој триумф, Гана ги освои првите три бода на турнирот, иако играта покажа дека селекторот Карлос Кеирош има уште многу работа доколку неговата селекција сака подалеку на Мундијалот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.