Меѓународен фудбал Фудбал

Галатасарај владее со Истанбул: Осимен го сруши Фенербахче

Галатасарај славеше во големото истанбулско дерби против Фенербахче со 2:1 во деветтото коло на турското првенство и направи голем чекор во трката за шампионската титула. По овој триумф, Истанбул е под потполна власт на Галатасарај, Бешикташ сега заостанува четири бода, додека Фенербахче по поразот остана дури шест чекори зад својот лут градски ривал.

Апсолутен јунак на вечерта беше Виктор Осимен, кој со два погодоци во првото полувреме го трасираше патот до огромната победа. Нигерискиот голгетер за првпат ја затресе мрежата во 29. минута, кога по асистенцијата на Бариш Јилмаз во полн трк ја зафати топката со лева нога и го совлада Едерсон. Незапирливиот напаѓач не застана тука, па во 44. минута, по обидот на Давинсон Санчез, фантастично реагираше со глава за дуплирање на предноста пред паузата.

Фенербахче заигра значително подобро во вториот дел и се обиде да се врати во живот. Гостите можеа да бидат во уште потешка ситуација доколку во 58. минута не му беше поништен третиот гол на Осимен поради милиметарски офсајд. Одговорот на Фенербахче пристигна четири минути подоцна со спектакуларен потег, Ирфан Кавечи во 62. минута постигна ремек-дело со ножички. Голманот Угурџан Чакир успеа да ја закачи топката, но не и да го спречи овој фантастичен погодок.

Сепак, Галатасарај умешно ја сочува предноста до последниот судиски свиреж и запиша златни три бода. Овој пораз донесе дополнителен притисок врз стратегот на Фенербахче, Исмаил Картал, кој неодамна навести можност за заминување, па во наредните денови се очекува реакција од раководството на клубот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.