Меѓународен фудбал Фудбал

Гаја жестоко го фаулираше Еланга и предизвика општа пресметка! (ВИДЕО)

Пријателскиот дуел меѓу Валенсија и Њукасл на „Местаља“ се претвори во вистински хаос по исклучително грубиот старт на домашниот капитен Хосе Луис Гаја врз Антони Еланга. Шведскиот репрезентативец настрада крај аут-линијата кога Гаја жестоко задоцни со лизгачкиот старт и силно го удри во долниот дел од десната нога, по што контролниот меч моментално го загуби пријателскиот карактер.

Стартот предизвика жестока реакција од таборот на англискиот тим. Скоро целата клупа на Њукасл влета на теренот, по што следеше масовно туркање и судир меѓу фудбалерите на двете екипи. Во мешаницата најбурен беше Јоане Виса, додека новиот менаџер Матијас Јајсле остро протестираше кај судиската тројка. Главниот арбитар Хосе Марија Санчез Мартинез веднаш му покажа директен црвен картон на капитенот на Валенсија.

ва

Најголема загриженост сепак предизвика состојбата на Еланга, на кого долго му се укажуваше помош пред да биде изнесен на носила. За среќа, првичните црни прогнози не се остварија, шведскиот напаѓач подоцна беше забележан како оди самостојно, а медицинските прегледи потврдија дека се работи само за полесна контузија на потколеницата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.