Бразилскиот напаѓач Габриел Жезус ги изненади сите со одлуката по четири години да ги напушти редовите на Арсенал и кариерата да ја продолжи во Ипсвич Таун.
Жезус е незадоволен од својот статус на „Емирати“ бидејќи менаџерот Микел Артета не може да му загарантира стандардна минутажа. Фрустриран од малата улога во тимот, бразилскиот репрезентативец реши да замине во клуб каде што ќе биде прва опција во нападот.
Иако претходно водеше преговори со Наполи, тие разговори пропаднаа, по што тој се сврте кон понудата од Ипсвич. Комплетирањето на овој неочекуван трансфер се очекува во текот на следната недела.

