ЦСКА подготвува вистински фудбалски земјотрес!
Додека навивачите се подготвуваат за натпреварот со Черно Море, на „Армијата“ се подготвува нешто што, доколку се реализира, би било едно од најголемите изненадувања во историјата на бугарскиот фудбал. Христо Јанев вечерва би требало да го предводи тимот на ЦСКА за последен пат, по што клубот се очекува да започне нова ера со две исклучително звучни имиња.
Според информациите на Arenasport.bg, Ернесто Валверде е во напредни преговори со ЦСКА и веќе утре би можел официјално да биде промовиран како нов тренер на клубот.
Името на Шпанецот звучи спектакуларно. Валверде има богато тренерско резиме, а најголем печат остави во Барселона и Атлетик Билбао. Со Барселона ја освои Ла Лига, а неговото искуство од највисокото ниво на европскиот фудбал би било огромен удар за амбициите на ЦСКА.
Но, тука не завршува приказната…на „Армијата“ се подготвува уште поголема сензација – Дани Карвахал!
Бившиот капитен и долгогодишен играч на Реал Мадрид, човек кој освои шест трофеи во Лигата на шампионите, според најавите би можел да стане ново засилување на ЦСКА. Доколку трансферот биде официјализиран, Карвахал би пристигнал во Бугарија со едно од најимпресивните резимеа што некогаш ги имал фудбалер во тамошниот шампионат.

