Најважниот спортски настан на планетава е во полн ек. Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада го носи своето историско 23-то издание, кое веќе ги урива сите рекорди по гледаност и возбуда на северноамериканското тло.
Додека битките на терените стануваат сè пожестоки, фудбалските фанови со нетрпение го очекуваат најголемиот можен индивидуален спектакл на овој турнир, директната пресметка меѓу двете најголеми планетарни ѕвезди на новата генерација, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Овој дуел веќе со денови е главна тема во светските медиуми и ветува вистински фудбалски земјотрес.
Норвешка и Франција ќе се судрат вечерва во борбата за првата позиција на табелата. И двете репрезентации по првите две кола се со максимални 6 поени, а натпреварот вечерва, кој почнува од 21:00 часот, на победникот ќе му ја донесе првата позиција и полесен противник во следната фаза.
Ова Мундијал навистина носи револуција во фудбалот, со оглед на тоа што за првпат учествуваат дури 48 репрезентации, кои ќе одиграат рекордни 104 натпревари на патот до златниот пехар. Борбата во групната фаза влегува во својата најдраматична фаза, каде секој гол и бод се клучни за опстанок, а сериозни калкулации веќе се прават и на табелата за најдобрите четири третопласирани селекции кои исто така ќе обезбедат виза за елиминациските рунди.

