Македонски фудбал Фудбал

Фудбалска класика во Скопје, започна продажбата на билетите за Вардар – Шкендија!

Македонскиот фудбал уште во второто коло од новата прволигашка сезона ќе понуди вистински спектакл. На Националната арена „Тодор Проески“ силите ќе ги одмерат Вардар и Шкендија, две екипи кои и оваа сезона важат за главни претенденти во битката за шампионската титула. Со оглед на ривалството и амбициите на двата тима, се очекува добар и отворен натпревар на двете страни.

Во пресрет на дерби-пресметката, управата на Вардар официјално ги пушти во продажба билетите за натпреварот, кои ќе можат да се набават преку продажната мрежа на МкТикетс. Натпреварот е закажан за деветти август со почеток од 17:00 часот, а интересот меѓу навивачите веќе е голем, бидејќи станува збор за еден од најголемите дуели во македонскиот клупски фудбал. И двата тима во одлично расположение го дочекуваат дербито, откако успешно ја отворија новата сезона. Вардар во првото коло ја совлада Брегалница со 2-0, додека Шкендија убедливо триумфираше против Скопје со 3-0, што дополнително го зголемува очекувањето за неизвесен и квалитетен натпревар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.